СОЈУЗНИКОТ НА МЕРКЕЛ ВО БАВАРИЈА ПРЕТРПЕ ГОЛЕМИ ЗАГУБИ НА РЕГИОНАЛНИТЕ ИЗБОРИ, СПОРЕД ИЗЛЕЗНИТЕ АНКЕТИ

    СОЈУЗНИКОТ НА МЕРКЕЛ ВО БАВАРИЈА ПРЕТРПЕ ГОЛЕМИ ЗАГУБИ НА РЕГИОНАЛНИТЕ ИЗБОРИ, СПОРЕД ИЗЛЕЗНИТЕ АНКЕТИЦСУ, која е сестринска партија на ЦДУ на Меркел, владееше сама во Баварија уште од 1957 година, но сега е принудена да прави коалиција. - Германската канцеларка Ангела Меркел со лидерот на ЦСУ Хорст Зехофер (Фото: АП)

    Сестринската партија на Ангела Меркел претрпе големи загуби на денешните регионални избори во Баварија, што претставува тежок удар за германската канцеларка. ЦСУ ќе го загуби мнозинството во регионалниот парламент според резултатите од излезните анкети на неколку поголеми телевизии.

    Зелените избија на второто место, додека антиимиграциската АФД за првпат влезе во регионалниот парламент. ЦСУ, која е сестринска партија на ЦДУ на Меркел, владееше сама во Баварија уште од 1957 година, со мали исклучоци, но партијата на германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер ја загуби поддршката од гласачите.

    Според излезните анкети, ЦСУ освои околу 35,5%, што е намалување од 12% во споредба со претходните избори пред четири години. Левичарската проимигрантска партија Зелени освои 19%. Алтернатива за Германија (АФД) освои 11% и заврши на четвртото место, зад група од независни кандидати, познати како Слободни гласачи. Партнерот на Меркел во сојузната влада, Социјал демократите (СПД), освоија 10%.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира