СОПРУГАТА НА АЛБАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ПРИВЕДЕНА НА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ УРИВАЊЕТО НА СТАРИОТ ТЕАТАР ВО ТИРАНА

    СОПРУГАТА НА АЛБАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ПРИВЕДЕНА НА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ УРИВАЊЕТО НА СТАРИОТ ТЕАТАР ВО ТИРАНАГрупа уметници и опозициски политичари утрово биле извлечени од зградата, пред механизацијата да почне да ја урива (Фото: АП)

    Сопругата на албанскиот претседател Илир Мета е приведена на протестот против уривањето на зградата на Националниот театар во Тирана, заедно со уште 30 лица.

    Полицијата утрово се судри со демонстрантите и извлече група уметници и опозициски политичари од зградата, пред механизацијата да почне да ја урива. Тие бараа објектот изграден од Италијанците за време на Втората светска војна да биде заштитен како историско наследство, додека владата на негово место планира да изгради нов, модерен театар.

    По две години натегање, општинските власти на онлајн состанокот во четвртокот дале зелено светло за уривање на зградата, по што поголема група граѓани ја поминала ноќта покрај театарот, спротивно на забраната за масовни собири поради кризата со коронавирусот. Полицијата објави дека казнила 87 луѓе поради тоа, вклучувајќи ги опозициските лидери Луљзим Баша и Моника Крјемади, инаку сопруга на претседателот Мета.

    ТВ-снимките покажаа како полицијата ја става во комбе на денешниот протест, а бил приведен и еден новинар.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира