„СПОТИФАЈ“ ЌЕ ЈА ОЗНАЧУВА МУЗИКАТА СОЗДАДЕНА СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

    „СПОТИФАЈ“ ЌЕ ЈА ОЗНАЧУВА МУЗИКАТА СОЗДАДЕНА СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈАОзнаката „AI Persona“ (ВИ-личност), која ќе почне да се појавува на одредени профили од средината на септември, ќе ги известува слушателите ако идентитетот на музичарот можеби е генериран од вештачка интелигенција и не претставува вистинска личност. (Фото: Гети)

    „Спотифај“ воведува нова функција што ќе укажува дека музичарот е генериран со помош на вештачка интелигенција (ВИ). Од сервисот за стриминг велат дека ознаката „AI Persona“ (ВИ-личност), која ќе почне да се појавува на одредени профили од средината на септември, ќе ги известува слушателите ако „идентитетот на музичарот можеби е генериран од вештачка интелигенција и не претставува вистинска личност“.

    Промените се воведуваат за да им се понуди на слушателите „поголема транспарентност“ во однос на она што го слушаат, велат од „Спотифај“. Ознаката ќе се појавува на банерот и во делот „За“ на профилите на изведувачите, како и во вид на напомена кога тие ќе се појават во пребарувањата и покрај песните во плејлистите. Од „Спотифај“ велат дека изведувачите со оваа ознака нема да се појавуваат во персонализираните препораки за корисниците, освен ако тие веќе не ги следат.

    Ова следи откако некои љубители на музика „јасно“ му ставија до знаење на сервисот дека не сакаат да наидуваат на профил што изгледа како да припаѓа на вистински човек, за потоа да сфатат дека е генериран од вештачка интелигенција. Музиката генерирана од вештачка интелигенција подолго време претставува предмет на загриженост и за фановите и за музичар.

    Музичарот Алекс Вин изјави дека смета оти новата функција е „навистина добра работа“.

    „Таа на некој начин ги раздвојува луѓето што создале музика на традиционален начин од оние што само користат вештачка интелигенција“, вели гитаристот Вин, кој свири во бендот „Свинлед“ од североисточниот дел на Англија.

    Музичарот смета дека луѓето сакаат „емотивно да се поврзат со музиката“ и верува дека „вештачката интелигенција навистина не може да го постигне тоа“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира