СРБИЈА И КОСОВО ПОСТИГНАА ДОГОВОР ЗА РЕГИСТЕРСКИТЕ ТАБЛИЧКИ, ПРИШТИНА СЕ ОТКАЖА ОД КАЗНУВАЊЕТО

    СРБИЈА И КОСОВО ПОСТИГНАА ДОГОВОР ЗА РЕГИСТЕРСКИТЕ ТАБЛИЧКИ, ПРИШТИНА СЕ ОТКАЖА ОД КАЗНУВАЊЕТОКосово кажа дека нема да бара пререгистрација на возилата со српски таблички (Фото: Гети)

    Србија и Косово договорија чекори за смирување на спорот околу регистерските таблички, кој се закануваше дека ќе прерасне во конфликт.

    Имаме договор“, објави еврокомесарот за надворешна политика Хосеп Борел на Твитер.

    Косово најави дека од денеска ќе ги казнува возачите кои и натаму користат таблички издадени од Србија, откако претходно се согласи на 48-часовно одложување на примената на оваа одлука под притисок на САД.

    Според договореното, Србија ќе престане да издава таблички со имињата на косовските градови, додека Косово се откажа од казнувањето и нема да бара пререгистрација на возилата со српски таблички.

    Во понеделникот, ЕУ изрази голема загриженост откако косовскиот премиер Албин Курти одби да го прифати предложениот договор. Сепак, Приштина се врати на преговарачката маса на барање на клучниот сојузник САД. Новиот договор е речиси идентичен со она што ЕУ го понуди во почетокот на неделата.

    Косовските власти бараа од етничките Срби да ги предадат табличките издадени од Србија, најавувајќи дека ќе бидат казнети со 150 евра ако не го направат тоа. Поради ова, Србите во знак на протест се повлекоа од сите косовски државни институции, вклучувајќи ја и полицијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира