СТОТИЦИ ГРАЃАНИ МАРШИРАА ВО БЕЛГРАД ВО ЗНАК НА ПОДДРШКА ЗА ЗОРАН КЕСИЌ, ЧИЈА ЕМИСИЈА „24 МИНУТИ“ БЕШЕ ТРГНАТА ОД „ТВ НОВА“

    СТОТИЦИ ГРАЃАНИ МАРШИРАА ВО БЕЛГРАД ВО ЗНАК НА ПОДДРШКА ЗА ЗОРАН КЕСИЌ, ЧИЈА ЕМИСИЈА „24 МИНУТИ“ БЕШЕ ТРГНАТА ОД „ТВ НОВА“Кесиќ смета дека зад ваквата одлука стојат политички, а не деловни причини (Фото: Н1)

    Стотици граѓани маршираа синоќа во Белград во знак на поддршка за авторите на „24 минути“, откако новите сопственици на телевизијата „Нова С“ ја тргнаа од програмата оваа популарна сатирична емисија. На собирот за поддршка на Зоран Кесиќ и „Њуз.нет“ повика група новинарски здруженија и невладини организации.

    Новата сезона на „24 минути со Зоран Кесиќ“ ќе започне на 19 септември на јутјуб каналот на емисијата, откако досега се емитуваше на телевизијата „Нова С“. Менаџментот соопшти дека таа е симната од програмата поради тоа што била прескапа и поради неуспешниот договор помеѓу екипата на емисијата и компанијата што ја поседува „Нова С“, која неодамна доби ново раководство. Кесиќ смета дека зад ваквата одлука стојат политички, а не деловни причини.

    Одлуката да им останеме верни на идеалите на новинарството, нѐ чинеше да бидеме сега на улица со вас. Сѐ повеќе нѐ има на улица. Тоа не е добро за оние кои се плашат од улица. Ова не е парастос, туку воскреснување. Нашиот нов почеток стартува на 19 септември на Јутјуб. Ова е емисија која одбива да умре“, кажа Кесиќ.

    Актерката Светлана Бојковиќ кажа дека на власта веројатно ѝ е многу тешко и не верува во победа на изборите штом мораше да го тргне и Кесиќ.

    На 9 септември, Александар Вучиќ го распушти Народното собрание на Србија и распиша вонредни општи избори за 25 октомври.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира