СУДОТ ВО ХАГ МУ НАРЕДИ НА ИЗРАЕЛ ДА СПРЕЧИ ГЕНОЦИД ВО ГАЗА, НО НЕ ПОВИКА НА КРАЈ НА ВОЈНАТА

    СУДОТ ВО ХАГ МУ НАРЕДИ НА ИЗРАЕЛ ДА СПРЕЧИ ГЕНОЦИД ВО ГАЗА, НО НЕ ПОВИКА НА КРАЈ НА ВОЈНАТАЈужна Африка го покрена случајот овој месец, барајќи од судот да донесе итни мерки за запирање на борбите (Фото: АП)

    Меѓународниот суд на правдата во Хаг му нареди на Израел да спречи геноцидни дејства врз Палестинците и повеќе да им помага на цивилите, но не нареди примирје, како што бараше Јужна Африка. Иако пресудата не резултираше со обврзувачка наредба за запирање на војната во Газа, таа, исто така, претставува правно назадување за Израел, кој се надеваше дека ќе биде отфрлен случајот покренат според Конвенцијата за геноцид.

    Судот утврди дека Палестинците биле заштитени според конвенцијата и дека имало случај да се испита дали нивните права биле ускратени во војна, за која рече дека предизвикува тешка хуманитарна штета. Тој исто така ги повика палестинските вооружени групи да ги ослободат заложниците заробени во нападите на 7 октомври.

    Палестинските власти ја поздравија одлуката, велејќи дека таа е добредојден потсетник дека ниедна држава не е над законот.

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пак, рече дека „судот праведно го отфрлил застрашувачкото барање да се лиши Израел од основното право да се брани“.

    Но, самото тврдење дека Израел врши геноцид врз Палестинците не само што е лажно, туку е срамота, а подготвеноста на судот дури и да разговара за ова е срам што нема да се избрише со генерации“, кажа тој.

    Јужна Африка го покрена случајот овој месец, барајќи од судот да донесе итни мерки за запирање на борбите, во кои што загинаа повеќе од 26.000 Палестинци. Таа го обвини Израел дека врши геноцид во неговата офанзива, која започна откако милитантите на Хамас упаднаа во Израел, убивајќи 1.200 и киднапирајќи повеќе од 240 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира