СВРШЕНИЦАТА НА СИНОТ НА ПРЕМИЕРОТ РАМА МЕЃУ 49-ТЕ ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО АЛБАНИЈА

    СВРШЕНИЦАТА НА СИНОТ НА ПРЕМИЕРОТ РАМА МЕЃУ 49-ТЕ ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО АЛБАНИЈАОсвен Кристи Речи, загинале и нејзините родители и брат

    Свршеницата на синот на албанскиот премиер Еди Рама е меѓу десетици загинати во силниот земјотрес што ја погоди земјата во вторникот, потврдија од неговиот кабинет. Дваесет и петгодишната Кристи Речи, свршеницата на Грегор Рама, загинала заедно со своите родители и брат.

    Грегор Рама претходно на Инстаграм објави дека „меѓу жртвите на оваа трагедија е неговата најблиска личност, заедно со нејзиното семејство“, додавајќи дека тие биле пронајдени под урнатини.

    Досега е потврдено дека има најмалку 49 мртви во земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтерова скала, чиј епицентар бил 34 километри северозападно од Тирана. Во најсилниот земјотрес во Албанија во последните 40 години најмногу настрадаа градовите Драч и Тумане.

    Властите кажаа дека се повредени повеќе од 600 луѓе, но се стравува дека бројката на загинати ќе биде и поголема, бидејќи сѐ уште има исчезнати лица.

    Афтершокови сѐ уште се чувствуваат во регионот, а вчера имало два со јачина од 5,0 и 4,8 степени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира