СЗО ЈА СТАВИ ВО КОВАКС И КОВИД ВАКЦИНАТА НА „МОДЕРНА“

    СЗО ЈА СТАВИ ВО КОВАКС И КОВИД ВАКЦИНАТА НА „МОДЕРНА“Дози на вакцината на американската биотехнолошка компанија може да добијат посиромашните земји од програмата Ковакс, поддржана од ОН. (Фото: АП)

    Светската здравствена организација (СЗО) ја стави вакцината на фармацевтската компанија „Модерна“ на листата на вакцини за итна употреба против ковид-19 како петти препарат кој има дозвола од организацијата, што би требало да го забрза процесот за одобрување во националните агенции за контрола на лекови. Со тоа, дози на вакцината на американската биотехнолошка компанија можат да им се доставуваат на земјите кои се приклучија кон програмата Ковакс, поддржана од ОН. Оваа програма има за цел да обезбеди вакцини во прв ред за посиромашните земји.

    СЗО сѐ уште разгледува дали да ги одобри и кинеските вакцини на „Синофарм“ и на „Синовак“, а одлуката е најавена до крајот на наредната недела.

    Во извештајот на СЗО се наведува дека цел е лековите, вакцините и дијагностичките средства да се направат подостапни во што покус рок. Помошничката на генералниот директор на СЗО Марианјела Симао, изјави дека е важно да се има на располагање повеќе вакцини поради проблемите со снабдувањето и со доцнењето на испораките на другите производители на вакцини.

    Индија, која е најголем производител на вакцини во светот, привремено го запре извозот поради преголемото распламтување на епидемијата во земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира