СЗО ПОБАРА ОД КИНА ДА ПРОДОЛЖИ ДА ОБЈАВУВА ИНФОРМАЦИИ ЗА СОСТОЈБАТА СО КОВИД-19

    СЗО ПОБАРА ОД КИНА ДА ПРОДОЛЖИ ДА ОБЈАВУВА ИНФОРМАЦИИ ЗА СОСТОЈБАТА СО КОВИД-19Кинеската власт ненадејно ги укина ограничувањата и покрај порастот на инфекциите што ги преплави болниците. (Фото: АП)

    Светската здравствена организација (СЗО) апелираше до Кина да продолжи да објавува информации за новиот бран на ковид-19 во земјата, откако вчера Владата објави дека од почетокот на декември починале 60 илјади лица по компликации од коронавирусот. Кина со недели одбиваше да споделува информации со светот што се случува во земјата.

    Вчерашното соопштение на кинеската Влада беше прва официјална статистика за смртните случаи, откако во декември владејачката Комунистичка партија ненадејно ги укина ограничувањата и покрај порастот на инфекциите што ги преплави болниците. Тоа ги натера СЗО и повеќето земји да побараат информации, додека САД, Јужна Кореја и други воведоа мерки за патниците од Кина.

    Податоците од Комисијата за национално здравје велат дека од 8 декември до 12 јануари, 5.503 лица починале од респираторни проблеми предизвикани од ковид-19 и 54.435 лица кои имале коморбидитети. Оние смртни случаи кои се поврзани со коронавирус, се пријавени во болнички услови, што ја зголемува веројатноста дека многу лица починале во домашни услови.

    Објавата „дозволува подобро разбирање на епидемиолошката ситуација“, се вели во соопштението на СЗО. Се додава дека генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.  телефонски разговарал со министерот за здравство Ма Ксијаовеи.

    „СЗО побара овој вид детални информации да продолжат да се споделуваат со нас и со јавноста“, велат од организацијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира