СЗО ПРЕПОРАЧА ВАКЦИНАТА НА ОКСФОРД И „АСТРАЗЕНЕКА“ ДА ЈА ПРИМААТ И ЛИЦА НАД 65 ГОДИНИ

    СЗО ПРЕПОРАЧА ВАКЦИНАТА НА ОКСФОРД И „АСТРАЗЕНЕКА“ ДА ЈА ПРИМААТ И ЛИЦА НАД 65 ГОДИНИСЗО заклучи дека вкупната ефективност на вакцината изнесува 63% (Фото: АП)

    Светската здравствена организација ја препорача употребата на вакцината на Оксфорд и „АстраЗенека“ дури и во оние држави кои се борат со нови варијанти на коронавирусот. СЗО исто така кажа дека вакцината може да ја примаат и луѓето постари од 65 години, што некои држави кажаа дека ќе го избегнуваат поради недоволно податоци.

    „Ако двете дози се даваат со временско растојание, како што се прави во Велика Британија, вакцината станува поефективна“, вели СЗО.

    Вакцината на Оксфорд се опишува како „вакцина на светот“ зашто е поевтина, може масовно да се произведува и може да се чува во обични фрижидери. Сепак, некои држави изразија сомнежи околу нејзината ефективност против нови варијанти на коронавирус, како и околу тоа дали таа треба да им се дава на стари лица.

    Стратешката советничка група на експерти на СЗО (САГЕ) спроведе своја анализа на податоците од тестирањата и заклучи дека вкупната ефективност на вакцината изнесува 63%.

    „Нема никакви причини да не ја препорачаме употребата на оваа вакцина, дури и во земјите каде што циркулираат нови варијанти на коронавирусот“, изјави претседателот на САГЕ, Алехандро Кравиото.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира