ТАЏИКИСТАНЕЦ ГО УКРАЛ ПИШТОЛОТ ОД ПОЛИЦАЕЦОТ И ЗАСТРЕЛАЛ ДВАЈЦА НА АЕРОДРОМОТ ВО КИШИЊЕВ ОТИ МУ БИЛ ЗАБРАНЕТ ВЛЕЗ ВО МОЛДАВИЈА

    ТАЏИКИСТАНЕЦ ГО УКРАЛ ПИШТОЛОТ ОД ПОЛИЦАЕЦОТ И ЗАСТРЕЛАЛ ДВАЈЦА НА АЕРОДРОМОТ ВО КИШИЊЕВ ОТИ МУ БИЛ ЗАБРАНЕТ ВЛЕЗ ВО МОЛДАВИЈААеродромот во Кишињев е најголем во земјата, и сообраќајот е во прекин. (Фото: Алами)

    Две лица загинаа откако еден маж почна да пука на Меѓународниот аеродром во Кишињев, соопшти Министерството за внатрешни работи на Молдавија. Напаѓачот е ранет и фатен, вели полицијата.  Според властите, нападот се случил откако на странскиот државјанин му бил спречен влез во државата. Претседателката на Молдавија Маја Санду кажа дека двајцата загинати се граничен полицаец и вработен во обезбедувањето на аеродромот, додека трето лице е рането.

    Според премиерот Дорин Рикан, осомничениот е 43-маж од Таџикистан. Тој пристигнал од Турција и бил спречен да влезе во Молдавија. Додека бил спроведуван во посебен дел на аеродромот, го украл пиштолот од полицаецот и убил две лица. Аеродромот во Кишињев е најголем во земјата, и сообраќајот е во прекин.

    Молдавија со месеци е во состојба на готовност, откако претседателката Санду ја обвини Русија дека планира да користи странски „саботери“ за да ја собори нејзината проевропска влада. Нејзиното предупредување во февруари дојде откако на 12 српски фудбалски навивачи им беше забранет влезот во земјата преку аеродромот во Кишињев. На аеродромот биле запрени и вратени дома и група боксери од Црна Гора. Кремљ ги негираше наводите за заговор, за кој украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека бил пресретнат од Киев.

    Молдавија има население од 2,6 милиони луѓе и стана кандидат за членство во ЕУ минатото лето. Силно е изложена на војната во соседна Украина и се соочува со тензии со својот промосковски отцепен регион Придњестровје, каде што се стационирани околу 1.500 руски војници.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира