Тајван вчера го одбележа 200. ден без случај на локално пренесување на коронавирусот.
Иако е многу блиску до Кина и во земјата многу се патува и тргува, Тајван регистрираше само 550 случаи на зараза и седум починати од ковид-19. Од јануари, земјата никогаш немала повеќе од 30 нови случаи на ден и повеќето биле увезени.
Експертите сметаат дека раното реагирање на Тајван е главната причина за еден од најуспешните одговори на коронавирусот на светот. Здравствените власти веднаш дејствувале по неформалните извештаи за нобјаснети сериозни случаи на пневмонија на 31 декември, воведувајќи рестрикции на границите и карантин за патниците кои доаѓаа со авион. Тајван веќе имал добро подготвен систем, благодарение на искуствата од епидемијата на сарс во 2003 година, која уби 73 луѓе.
Поранешниот потпретседател Чен Чиен-јен, кој е епидемиолог, вели дека 340.000 луѓе биле во карантин во Тајван во текот на оваа година.
„Жртвувавме 14 дена и 340.000 луѓе во замена за нормален живот на 23 милиони луѓе“, кажа тој.
Тајван во меѓувреме ги олесни рестрикциите, но сите кои доаѓаат однадвор прво мора да одат во карантин, при што цело време се следат.