ТАЛИБАНЦИТЕ ИМ НАРЕДИЈА НА ЛОКАЛНИТЕ И СТРАНСКИ НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ ДА ГИ ИЗБРКААТ ЖЕНИТЕ ОД РАБОТА

    ТАЛИБАНЦИТЕ ИМ НАРЕДИЈА НА ЛОКАЛНИТЕ И СТРАНСКИ НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ ДА ГИ ИЗБРКААТ ЖЕНИТЕ ОД РАБОТАЖените во Авганистан по неколку децении повторно мора да бидат целосно покриени во јавност, откако талибанските власти усвоија уредба според која тие смеат да ги покажат само очите. (Фото: ЕПА)

    Талибанците во Авганистан им наредија на сите локални и странски невладини организации да им забранат на жените вработени кај нив да доаѓаат на работа, според објавеното писмо од министерот за економија. Во писмото, кое беше потврдено од портпаролот на министерот Абдуларахман Хабиб, стои дека нема да им биде дозволено вработување на жените, сè до следното известување, бидејќи некои не се придржувале до кодексот за облекување на жените од исламска вероисповед.

    Оваа одлука следи само неколку дена откако талибанците им наредија на универзитетите да не примаат жени, што наиде на жестоки критики и протести надвор од Авганистан,

    Првично не беше јасно дали оваа одлука ќе се однесува на организациите под капата на Обединетите нации (ОН), кои се доста присутни во Авганистан во помагањето за справување со хуманитарната криза.

    На новинарско прашање дали оваа забрана се однесува на нив, Хабиб рекол дека одлуката се однесува на организации под Координативното тело за хуманитарни организации, познато како АЦБАР. Телото не се однесува на ОН, но опфаќа над 180 локални и меѓународни невладини организации.

    Хуманитарните организации велат дека работничките се од клучно значење за да се осигураат дека помошта стига до жените.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира