ТАТКО СНИМЕН КАКО ЈА ДРЖИ РАКАТА НА СВОЈАТА ЌЕРКА КОЈА ЗАГИНА ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА

    ТАТКО СНИМЕН КАКО ЈА ДРЖИ РАКАТА НА СВОЈАТА ЌЕРКА КОЈА ЗАГИНА ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈАФоторепортер на АФП направи серија фотографии кои го прикажуваат Месут Ханџер како седи среде уништена зграда

    Фотографии на татко кој ја држи раката на својата ќерка која загина во земјотресот се проширија од турскиот град Караманкараш.

    (Фото:: АФП)

    Фоторепортерот на агенцијата АФП, Адем Алтан, направи серија фотографии денеска кои го прикажуваат Месут Ханџер како седи среде уништена зграда. Притоа ја држи раката на 15-годишната ќерка Ирмак, чие тело останува заглавено под урнатините.

    Караманкараш е еден од најтешко погодените градови во вчерашната катастрофа и во негова близина беше епицентарот на вториот силен земјотрес од 7,5 степени според Рихтеровата скала.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира