ТАТКОТО НА УЧЕНИК НА ОБЕЗГЛАВЕНИОТ НАСТАВНИК САМУЕЛ ПАТИ ОБВИНЕТ ДЕКА ИЗРЕКОЛ ФАТВА ПРОТИВ НЕГО И КОМУНИЦИРАЛ СО УБИЕЦОТ

    ТАТКОТО НА УЧЕНИК НА ОБЕЗГЛАВЕНИОТ НАСТАВНИК САМУЕЛ ПАТИ ОБВИНЕТ ДЕКА ИЗРЕКОЛ ФАТВА ПРОТИВ НЕГО И КОМУНИЦИРАЛ СО УБИЕЦОТНиз Франција во неделата се одржаа масовни маршеви и протести за поддршка на наставниците и слобода на изразувањето (Фото: Ројтерс)

    Таткото на ученик обвинет дека покренал онлајн кампања против убиениот француски наставник Самуел Пати му испратил СМС-пораки на убиецот непосредно пред нападот што го шокираше светот.

    Пати (47) беше обезглавен пред своето училиште во париско предградие во петокот откако на своите ученици им покажувал карикатури на пророкот Мухамед кога им предавал за слобода на изразувањето. Осумнаесетгодишниот напаѓач со чеченско потекло потоа беше убиен од полицијата.

    Таткото на ученик е обвинет дека заедно со радикален проповедник повикал Пати да биде казнет, изрекувајќи фатва против него. Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманан изјави дека двајцата се уапсени, а меѓу приведените се и четворица ученици и неколкумина роднини на убиецот.

    Полицијата изведе серија рации вчера, при што мета биле 40-ина куќи. Дарманан кажа дека ќе бидат испитани 51 муслиманска организација од Франција и оние кои шират омраза ќе бидат забранети.

    Француските власти кажаа дека на шест месеци ќе затворат добро позната џамија во северен Париз, која на Фејсбук објавила видео за Пати неколку дена пред неговото убиство. Пати посмртно ќе го добие највисокото француско признание Легија на честа.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира