ТЕРЕЗА МЕЈ ГО ЗАГУБИ МНОЗИНСТВОТО ВО ПАРЛАМЕНТОТ, НЕ ДАВА ОСТАВКА

    ТЕРЕЗА МЕЈ ГО ЗАГУБИ МНОЗИНСТВОТО ВО ПАРЛАМЕНТОТ, НЕ ДАВА ОСТАВКАВелика Британија ќе има парламент без мнозинство на една партија, бидејќи Конзервативата партија има помалку од 326 пратеници, колку што ѝ е потребно за мнозинство во Долниот дом;- лидерката на конзервативците и премиерка Тереза Меј (Фото: АП)

    Конзервативната партија на премиерката Тереза Меј го загуби мнозинството во британскиот парламент по вчерашните предвремени избори. Според повеќе од 90 отсто преброени гласови, конзервативците ќе освојат 318 места, а лабуристите 262. Велика Британија ќе има парламент без мнозинство на една партија, бидејќи Конзервативата партија има помалку од 326 пратеници, колку што ѝ е потребно за мнозинство во Долниот дом. Шкотската национална партија ќе добие 34, Либерал Демократите 13, Плеид Цимру 3 и Зелените 1.

    Ова се смета за голем пораз на пемиерката Тереза Меј, која се реши на предвремени избори за да си ја зајакне позицијата во преговорите за брегзит со ЕУ. Лидерот на лабуристите Џереми Корбин ја повика да даде оставка, но таа рече дека нејзината партија „ќе осигура стабилност во Велика Британија“ и дека таа нема намера да замине.

    „Во овој момент, повеќе од кога и да е, на земјава и треба стабилност“, рече Меј.

    Комесарот за Буџет на ЕУ Гинтер Етингер за германското радио изјави дека не е сигурен оти преговорите за брегзит ќе почнат на 19 јуни како што беше планирано и дека дискусии со слаб британски партнер ќе имаат лош резултат.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира