ТЕСНА ПОБЕДА НА СОЦИЈАЛИСТИТЕ НА ЕДИ РАМА НА ДЕНЕШНИТЕ ИЗБОРИ ВО АЛБАНИЈА, ВЕЛАТ ИЗЛЕЗНИТЕ АНКЕТИ

    ТЕСНА ПОБЕДА НА СОЦИЈАЛИСТИТЕ НА ЕДИ РАМА НА ДЕНЕШНИТЕ ИЗБОРИ ВО АЛБАНИЈА, ВЕЛАТ ИЗЛЕЗНИТЕ АНКЕТИРама се бори за трет едноподруго премиерски мандат (Фото: Ројтерс)

    Социјалистичката партија на актуелниот премиер Еди Рама ќе биде победник на денешните парламентарни избори во Албанија, велат излезните анкети на телевизијата „Топ ченл“, но тоа нема да биде изразено со голема разлика.

    Според резултатите од анкетата, Социјалистите освоија 46,9% од гласовите, со што ќе им припаднат нешто повеќе од половина од пратеничките места во 140-члениот парламент (71).

    На второто место е ривалската Демократска партија на Љуљзим Баша, за која гласале 43,5% избирачи, со што треба да обезбеди 63 пратенички места. Останатите шест пратеници ќе ги добие Социјалистичкото движење за интеграција, според „Топ ченл“.

    Албанија, која е членка на НАТО од 2009, се надева дека наскоро ќе почне преговори за пристапување на Европската Унија и овие избори се сметаа за клучни на тој пат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира