ТИНЕЈЏЕР ЈА УБИЛ СЕСТРА СИ ВО КАВГА ЗА БОЖИЌНИ ПОДАРОЦИ ВО САД

    ТИНЕЈЏЕР ЈА УБИЛ СЕСТРА СИ ВО КАВГА ЗА БОЖИЌНИ ПОДАРОЦИ ВО САДПукањето следело по расправија за тоа кој добива повеќе подароци. (Фото: Полиција на Флорида)

    Двајца браќа тинејџери се уапсени откако нивната сестра била застрелана и умрела во кавгата околу божиќните подароци. 23-годишната девојка била застрелана во градите од 14-годишниот брат додека го држела својот 10-месечен син во носилка, соопшти канцеларијата на шерифот на Флорида. Момчето потоа било застрелано од неговиот постар брат кој го извадил својот пиштол, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Пинелас.

    Пукањето следело по расправија за тоа кој добива повеќе подароци.

    Шерифот соопшти дека постариот тинејџер, на возраст од 15 години, побегнал од местото и го фрлил пиштолот. Помладиот брат е пренесен в болница во стабилна состојба и ќе биде приведен кога ќе биде пуштен, соопшти полицијата. Локалните обвинители ќе го разгледаат случајот и ќе одлучат дали ќе го обвинат како возрасен за убиството на неговата сестра, додаде шерифот. 15-годишникот е уапсен и обвинет за обид за убиство од прв степен и манипулација со докази.

    Жената била пренесена в болница, каде била констатирана смрт, изјави шерифот. Тој објасни дека жената, која е мајка на две деца, претрпела внатрешно крварење и не можела да дише – но додаде дека бебето во носилката не било повредено.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира