ТОПЛОТНИОТ БРАН ГИ ПОКАЧУВА И НОЌНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ, ШТО Е ОСОБЕНО ОПАСНО ЗА ЗДРАВЈЕТО, ВЕЛАТ ЕКСПЕРТИТЕ

    ТОПЛОТНИОТ БРАН ГИ ПОКАЧУВА И НОЌНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ, ШТО Е ОСОБЕНО ОПАСНО ЗА ЗДРАВЈЕТО, ВЕЛАТ ЕКСПЕРТИТЕТоплотниот бран е во својата рана фаза (Фото: К. Попов)

    Топлотниот бран што ја погоди северната хемисфера ќе се засили оваа недела и ќе доведе до покачување на ноќните температури и до зголемен ризик од срцеви удари и смртни случаи, објави Светската метеоролошка организација (СМО). Оттаму предупредуваат дека топлотниот бран е во својата рана фаза и се очекува температурите во Северна Америка, Азија, северна Африка и во јужна Европа да бидат над 40 Целзиусови степени поголем број денови.

    „Тоа може да значи дека полноќните температури во некои области ќе бидат над 30 степени оваа недела. Повторувањето на високите ноќни температури е особено опасно за човечкото здравје зашто телото не може да закрепне од постојаната топлина. Тоа води кон зголемен ризик од срцеви удари и смртни случаи“, изјави Џон Нерн, виш советник за екстремна топлина во СМО.

    Од Меѓународниот црвен крст кажаа дека во најголем ризик се доенчињата, старите и луѓето со хронични здравствени проблеми.

    Експертите велат дека минатата година во Европа починале над 61.000 луѓе поради горештините.

    СМО предвидува нови рекордно високи температури во следните денови. Европскиот рекорд е 48,8 степени, измерени на Сицилија во 2021, а светскиот изнесува 56,7 степени, колку што било регистрирано во Долината на Смртта во Калифорнија во јули 1913.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира