Едно лице езагина откако товарен воз падна од мост ноќеска во Минхен по судир со друг товарен воз, соопшти полицијата. Два вагони паднаа од околу 5 метри од мостот и се урнаа на патот. Нема информации за товарот на товарнте возови. Сепак, полицијата изјави дека не станува збор за опасен материјал и дека нема опасност за јавноста.
Не се знае кога вагоните ќе бидат извлечени и дали областа ќе остане затворена и утре.
Несреќата се случила на линија што ја користат исклучиво товарни возови, изјави портпаролката на железничкиот оператор „Дојче бан“. Нема прекини во регионалните или услугите на долги релации.



