ТОВАРЕН ВОЗ ВО ИНДИЈА СЕ ДВИЖЕЛ ПОВЕЌЕ ОД 70 КИЛОМЕТРИ БЕЗ МАШИНОВОЗАЧИ

    ТОВАРЕН ВОЗ ВО ИНДИЈА СЕ ДВИЖЕЛ ПОВЕЌЕ ОД 70 КИЛОМЕТРИ БЕЗ МАШИНОВОЗАЧИВозот забрзал до 100 километри на час и така поминал низ пет станици (Фото: АНИ)

    Индиската железница нареди истрага откако товарен воз патувал повеќе од 70 километри без машиновозачи. Снимки објавени на социјалните мрежи покажуваат како возот со голема брзина поминува низ неколку станици.

    Драмата се одвивала вчера од 7:25 до девет часот по локално време. На крајот возот бил запрен и немало повредени.

    Возот со 53 вагони превезувал камења и се движел кон Пунџаб, кога запрел во Катуа заради промена на екипажот. Официјални лица кажаа дека возот бавно почнал да се движи по падина откако машиновозачот и неговиот помошник се симнале од локомотивата. Возот забрзал до 100 километри на час и така поминал низ пет станици, пред да биде запрен.

    Возот беше запрен откако на пругата беа поставени дрвени трупци“, изјавија од Индиската железница.

    Оттаму додаваат дека се обидуваат да ја откријат точната причина зошто возот почнал да се движи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира