ТРАМП Е ОТПОВИКАН ВРЗ ОСНОВА НА ИЗМИСЛЕНИ ОБВИНУВАЊА, КАЖА ПУТИН НА ГОДИШНАТА СРЕДБА СО НОВИНАРИТЕ

    ТРАМП Е ОТПОВИКАН ВРЗ ОСНОВА НА ИЗМИСЛЕНИ ОБВИНУВАЊА, КАЖА ПУТИН НА ГОДИШНАТА СРЕДБА СО НОВИНАРИТЕПутин повторно со часови одговараше на новинарски прашања на својата годишна прес-конференција (Фото: Ројтерс)

    Владимир Путин го поддржа Доналд Трамп и кажа дека тој ќе биде ослободен од Сенатот бидејќи неговото отповикување во Претставничкиот дом ноќеска се базирало на измислени обвинувања.

    Зборувајќи на годишната средба со медиумите во Москва, рускиот лидер изјави дека импичментот бил покренат од чисто политички мотиви.

    „Партијата која ги загуби изборите продолжува да се бори со сите средства. Но, не верувам дека Сенатот ќе се реши да тргне од власт претставник на својата партија, особено од вакви, измислени причини“, кажа Путин.

    Неговите завршни прес-конференции станаа медиумски спектакл во изминатите години и неретко траат повеќе од четири часа, при што тој одговара на стотици прашања од новинари од цел свет.

    Тој застана во одбрана и на проруските бунтовници во Украина, повикувајќи на директен дијалог помеѓу нив и Киев.

    „Киев го прифати потписот на бунтовничките лидери на мировниот договор од Минск, со што ја призна и нивната власт во Донбас. Нема да прифатиме ревизија на овој договор“, рече Путин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира