ТРАМП ГИ ИСКОРИСТИ ТВРДЕЊАТА ЗА СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА НА БИЛ КЛИНТОН ДА ЈА НАПАДНЕ ХИЛАРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:35:"СентЛуис,(Би-Би-Си)

    ТРАМП ГИ ИСКОРИСТИ ТВРДЕЊАТА ЗА СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА НА БИЛ КЛИНТОН ДА ЈА НАПАДНЕ ХИЛАРИ

    Доналд Трамп ги бранеше неговите непристојни замерки за жените со жесток напад против Хилари Клинтон и нејзиниот сопруг за време на втората од трите претседателски дебати во САД. Републиканскиот кандидат негираше дека некогаш сексуално нападнал жени, но го нападна поранешниот претседателот Бил Клинтон.

    „Никогаш досега во историјата на политиката немало човек што толку злоупотребувал жени“, кажа Трамп.

    Хилари Клинтон одби да одговори на неговите коментари за нејзиниот сопруг.

    Нападот на Трамп против Клинтонови се случи откако модераторот Андерсон Купер го праша за видеото од 2005 година, објавено во петокот, во кое тој се фали дека непристојно допирал жени. Но, кога беше притиснат да одговори дали сексуално злоупотребил жена, тој негираше и место тоа се насочи на поранешните обвинувања на сметка на Бил Клинтон.

    Против бил Клинтон не беа покренати криминални истраги за ниту едно до обвинувањата за сексуален напад. Хилари Клинтон кажа дека видеото од 2005 година со Трамп, кое предизвика многумина истакнати републиканци да ја повлечат поддршката за нивниот претседателски кандидат, покажало кој е навистина Трамп.

    „Со претходните републикански кандидати, сум имала несогласувања, но никогаш не сум се сомневала во нивната способност да ја водат земјата. Мислам дека на сите што го слушнаа видеото им е јасно за како човек станува збор“, рече Хилари.

    Еден час пред да почне дебатата, Трамп се појави на прес-конференција со жена која го обвини Бил Клинтон за сексуален напад. Тој им се приклучи на три други жени кои тврдат дека поранешниот претседател сексуално ги нападнал и ги нарече жените „многу храбри“

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира