ТРАМП ГО ОБВИНИ ОБАМА ДЕКА ГО ПРИСЛУШУВАЛ ЗА ВРЕМЕ НА КАМПАЊАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:28:"Вашингтон,(ДПА)

    ТРАМП ГО ОБВИНИ ОБАМА ДЕКА ГО ПРИСЛУШУВАЛ ЗА ВРЕМЕ НА КАМПАЊАТА

    Во низа утрински твитови, претседателот на САД Доналд Трамп го обвини неговиот претходник Барак Обама дека ги прислушувал телефоните во неговата канцеларија за време на изборната кампања, но не го откри изворот на ваквата информација.

    „Ужасно! Само што открив дека Обама ме прислушувал во Трамп кулата непосредно пред победата. Не открил ништо. Ова е мекартизам“, напиша Трамп во 6 часот и 35 минути по локално време.

    Во рок од неколку минути претседателот објави уште три твита во кои тврди дека Обама ги прислушувал и следел неговите телефонски раговори.

    „Колку ниско паднал претседателот Обама за да ми ги прислушува телефоните за време на светиот изборен процес? Ова е Никсон/Вотергејт. Болен човек!“

    Твитовите следат во време кога новата администрација повторно е под лупа околу контактите на изборниот тим на Трамп со Русија пред неговата инаугурација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира