ТРАМП ГО ОДОБРИ ЛЕКУВАЊЕТО НА ПАЦИЕНТИТЕ СО КОВИД-19 СО КРВНА ПЛАЗМА

    ТРАМП ГО ОДОБРИ ЛЕКУВАЊЕТО НА ПАЦИЕНТИТЕ СО КОВИД-19 СО КРВНА ПЛАЗМАТрамп изразуваше фрустрираност од бавното одобрување на третмани за лекување на коронавирусот (Фото: АП)

    Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се одобрува лекувањето на пациентите со ковид-19 со конвалесцентна плазма.

    Ова следува само неколку дена откако официјални лица од Белата куќа сугерираа дека Администрацијата за храна и лекови од политички причини го одложува одобрувањето на вакцини и терапии против ковид-19, со што му ги намалува шансите на Трамп за повторен избор за претседател. Со новата извршна наредба, пациентите со ковид-19 полесно ќе можат да добијат третман со плазма.

    Крвна плазма, која се зема од пациенти кои заздравеле од коронавирусот и е богата со антитела, може да им помогне на оние кои се борат со болеста, но научниците и лекарите сѐ уште не знаат доволно како таа делува, кога да се примени и колкава доза е потребна.

    Повеќе од 70.000 пациенти во САД веќе имаат добиено конвалесцентна плазма, но засега нема докази дека таа го лекува коронавирусот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира