ТРАМП И НАТАМУ ШИРИ ЛАГИ И Е ОПАСНОСТ ЗА ДЕМОКРАТИЈАТА, КАЖА БАЈДЕН НА ГОДИШНИНАТА ОД НАПАДОТ НА КОНГРЕСОТ

    ТРАМП И НАТАМУ ШИРИ ЛАГИ И Е ОПАСНОСТ ЗА ДЕМОКРАТИЈАТА, КАЖА БАЈДЕН НА ГОДИШНИНАТА ОД НАПАДОТ НА КОНГРЕСОТБајден се обрати од зградата која беше во центарот на досега невидени нереди (Фото: АП)

    Џо Бајден го обвини својот претходник дека и натаму претставува опасност за демократијата во САД, обраќајќи се на првата годишнина од крвавиот упад во американскиот Конгрес, кога приврзаниците на Доналд Трамп се обидоа да го спречат потврдувањето на резултатите од ланските избори. Зборувајќи од зградата која беше во центарот на досега невидени нереди, Бајден предупреди дека лажните тврдења на Трамп за изборна кражба и измама може да ги поткопаат владеењето на правото и идните избори.

    „Мора да бидеме апсолутно јасни што е вистина, а што лага. Бивш претседател на САД создаде и ширеше мрежа од лаги за изборите во 2020. Го правеше тоа зашто ја вреднува моќта повеќе од принципот. Тој не може да прифати пораз“, изјави Бајден.

    Тој ниеднаш не го изговори името на Трамп и ваквиот настап претставува отстапување од неговиот досегашен политички пристап.

    Обвинувајќи го Трамп дека сака да овековечи голема лага, тој кажа дека се води битка за душата на Америка и борба помеѓу силите на демократијата и автократијата.

    „Сегашниот претседател денеска го употреби моето име за натамошни поделби во Америка. Говорот беше политички театар и дистракција од фактот дека Бајден целосно не успеал. Демократите го користат 6 јануари за да поттикнуваат лаги и поделби“, изјави Трамп по говорот на Бајден.

    Четири лица починаа во хаосот во Конгресот, кој почна откако Трамп ги повика своите приврзаници да тргнат кон Капитол и да се борат како луди.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира