ТРАМП ИМ ОДОБРИ НА ФЕДЕРАЛНИТЕ АГЕНЦИИ ДА ПОЧНАТ СО ТРАНЗИЦИЈАТА НА ВЛАСТА

    ТРАМП ИМ ОДОБРИ НА ФЕДЕРАЛНИТЕ АГЕНЦИИ ДА ПОЧНАТ СО ТРАНЗИЦИЈАТА НА ВЛАСТАБајден денеска и официјално ќе ги објави првите имиња од својот кабинет (Фото: АП)

    Доналд Трамп прифати дека формална транзиција на власта треба да почне, иако вети дека ќе продолжи да се бори за оспорување на резултатите на изборите. Тој кажа дека федералните агенции кои го надгледуваат преземањето „мора да го направат она што треба да се направи“.

    Федералната агенција за општи работи (ГСА) призна дека Џо Бајден е очигледен победник на изборите. Ова следува откако и Мичиген ја потврди победата на Бајден, што се чини беше завршен удар за Трамп, чии тужби беа одбивани една по друга во сојузните држави.

    Објавата на ГСА значи дека Бајден сега има пристап до најдоверливи безбедносни податоци, канцеларии и владини функционери, додека се подготвува да влезе во Белата куќа на 20 јануари. Тој денеска и официјално ќе ги објави првите имиња од својот кабинет.

    „Во најдобриот интерес за нашата земја, ѝ предложив на Агенцијата за општи работи да направи што треба да се направи и да ги почне потребните протоколи. Истото му го кажав и на мојот тим“, напиша Трамп на Твитер.

    Тимот на Бајден го поздрави почетокот на транзицијата на власта.

    „Оваа одлука е потребниот чекор за конечно да почнеме да се бориме со предизвиците со кои се соочува нацијата“, соопшти неговиот тим.

    Трамп и натаму нема признато пораз на изборите, иако и Мичиген објави дека Бајден победил со разлика од 154.000 гласови.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира