ТРАМП ЈА ИСПОФАЛИ КИНА, ПА ЈА ОБВИНИ ДЕКА ИМ ОДЗЕМА РАБОТНИ МЕСТА НА САД

    ТРАМП ЈА ИСПОФАЛИ КИНА, ПА ЈА ОБВИНИ ДЕКА ИМ ОДЗЕМА РАБОТНИ МЕСТА НА САДСе пожали дека други земји не го отвориле пазарот за САД. - Доналд Трамп (Фото: Гети)

    Доналд Трамп заврши со дипломатската учтивост што ги следеше првите неколку дена од неговата турнеја по Азија и ги обвини Кина и други земји од регионот дека им одземаат фабрики, индустрии и работни места на САД.

    Само неколку часа откако ги испофали Кина и нејзиниот лидер Ши Џинпинг, потпишувајќи бизнис-зделки со тамошните компании во вредност од 250 милијарди долари, Трамп одржа жесток говор на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка во Да Нанг (Виетнам), во кој ги нападна „економската агресија, прекршувањата и измамите, со коишто се служи регионот“.

    „Ние веќе не можеме да ги толерираме овие хронични трговски злоупотреби. И покрај години прекршени ветувања, нѝ беше кажано дека еден ден сите ќе се однесуваат фер и одговорно. Луѓето од Америка и од индопацифичкиот регион го чекаа тој ден со години, но тоа не се случи и затоа јас денеска сум тука“, кажа Трамп пред шокираните министри од разни земји.

    Тој ги обвини дека не играат според правилата, иако САД ја отвориле својата економија.

    „Иако ние ги намаливме ограничувањата на пазарот, други земји не ги отворија своите пазари за нас. САД веќе нема да мижат пред вакви прекршувања, измами и економски агресии. Тие денови се минато. Претходните влади не сторија ништо за да го намалат трговскиот дефицит, но јас ќе го направам тоа. Отсега, па натаму, веќе нема да дозволиме некој да ги искористува САД“, најави Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира