ТРАМП ЈА ОПИША СВОЈАТА БОЛЕСТ КАКО БЛАГОСЛОВ И ГО ПОФАЛИ ЛЕКОТ ЧИЈА УПОТРЕБА УШТЕ НЕ Е ОДОБРЕНА

    ТРАМП ЈА ОПИША СВОЈАТА БОЛЕСТ КАКО БЛАГОСЛОВ И ГО ПОФАЛИ ЛЕКОТ ЧИЈА УПОТРЕБА УШТЕ НЕ Е ОДОБРЕНАТрамп вети дека лекот на компанијата „Регенерон“ ќе биде бесплатен за сите (Фото: Ројтерс)

    Доналд Трамп се врати на работа во Овалниот кабинет помалку од една недела откако имаше позитивен тест за коронавирус. Тој изјави дека се чувствува одлично, а тоа што се заразил го опиша како божји благослов.

    „Претседателот нема симптоми на ковид-19 повеќе од 24 часа и нема треска повеќе од четири дена“, изјави неговиот лекар Шон Конли.

    Во новата видеопорака, Трамп кажа дека сите Американци би требало да имаат пристап до лековите и третманите што тој ги добил и вети дека лекот на компанијата „Регенерон“ ќе биде бесплатен. Оваа терапија сѐ уште не е одобрена од федералните регулатори и Трамп е еден од ретките луѓе кој ја примил надвор од клиничките тестирања.

    „Експерименталниот коктел на антитела што ми беше даден минатата недела е повеќе лек отколку терапевтска мерка. Стотици илјади дози веќе се подготвени. Ова беше неочекуван благослов. Го фатив вирусот, слушнав за тој лек и им реков да ми го дадат. Беше неверојатен“, изјави Трамп, по што ја нападна Кина.

    „Вие нема да платите за него. Кина е виновна и таа ќе плати висока цена“.

    Трамп беше отпуштен од болница во понеделникот, додека добар дел од неговите блиски соработници остануваат во изолација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира