ТРАМП ЈА ОТКАЖА СРЕДБАТА СО КИМ

    ТРАМП ЈА ОТКАЖА СРЕДБАТА СО КИМСредбата требаше да се одржи на 12 јуни во Сингапур, но двете страни повторно ги заострија односите (Фото: АП)

    Доналд Трамп ја откажа планираната историска средба со Ким Џонг-Ун, што беше закажана за 12 јуни во Сингапур.

    Тој кажа дека донесол ваква одлука поради „гневот и отвореното непријателство“, искажани во неодамнешна изјава на Северна Кореја.

    Во писмото до Ким, Трамп изрази надеж дека еден ден, сепак, ќе се сретнат.

    „Навистина се радував на средбата со вас. Ако се премислите, слободно известете ме. За жал, поради гневот и отвореното непријателство што ги искажавте во вашата последна изјава, сметам дека во овој момент е несоодветно да дојде до долго планираната средба. Вие зборувате за вашите нуклеарни способности, но нашите се огромни и моќни и се молам никогаш да не треба да ги употребам“, вели Трамп.

    И Северна Кореја претходно најави дека средбата е неизвесна, затоа што не прифаќа еднострани уцени да се откаже од целото свое нуклеарно оружје.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари