ТРАМП ЈА ПОСЛУША КИМ КАРДАШИЈАН И ПОМИЛУВА ЗАТВОРЕНИЧКА

    ТРАМП ЈА ПОСЛУША КИМ КАРДАШИЈАН И ПОМИЛУВА ЗАТВОРЕНИЧКАДоналд Трамп ја прими Ким Кардашијан во Белата куќа минатата недела за да разговараат за случајот на Алис Џонсон (Фото: АП)

    Доналд Трамп се согласи да ја помилува 63-годишната Алис Џонсон, која служеше доживотна казна затвор поради ненасилен случај со дрога.

    Случајот на Џонсон стана светски познат откако минатата недела Ким Кардашијан се сретна со Трамп во Белата куќа за да лобира за нејзино пуштање на слобода.

    Белата куќа соопшти дека Џонсон била примерен затвореник и дека работела напорно на своја рехабилитација.

    Џонсон беше затворена во 1996 година, бидејќи била дел од синџир за дистрибуција на кокаин во Тенеси. Беше обвинета за поседување дрога и за перење пари. Се очекува таа наскоро да излезе од затвор.

    „Иако доби доживотен затвор, Алис работеше напорно на својата рехабилитација и беше ментор на други затвореници“, кажа Белата куќа.

    Ким Кардашијан долго време водеше кампања за ослободување на Џонсон, за што се здружи со зетот на Трамп, Џеред Кушнер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира