ТРАМП ЈА ПРОГЛАСИ ИРАНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ГАРДА ЗА ТЕРОРИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА

    ТРАМП ЈА ПРОГЛАСИ ИРАНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ГАРДА ЗА ТЕРОРИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈАТрамп ја обвини ИРГЦ дека учествува во финансирањето и во промовирањето на тероризмот (Фото: Гети)

    Доналд Трамп ја прогласи елитната Иранска револуционерна гарда (ИРГЦ) за терористичка организација. Ова е првпат САД како терористичка организација да означат војска на една странска земја.

    Иран возврати со иста мерка, па за терористичка организација ги прогласи американските сили распоредени на Блиски Исток, објави иранската државна новинска агенција.

    Тензиите помеѓу Вашингтон и Техеран се засилија откако Трамп ги повлече САД од Иранскиот нуклеарен договор.

    Во новите околности, САД ќе имаат можност да му воведат нови санкции на Иран, што особено ќе го погоди бизнис секторот, имајќи предвид дека ИРГЦ е силно вмешана во иранската економија.

    „Ова е нешто невидено досега. На овој начин ја признаваме реалноста дека Иран не само што е државен спонзор на тероризмот, туку и дека ИРГЦ активно учествува во финансирањето и во промовирањето на тероризмот. Ова ќе значи нов огромен притисок врз Иран. Ако соработуваш со ИРГЦ, тоа значи дека финансираш тероризам“, изјави Трамп.

    Државниот секретар Мајк Помпео изјави дека санкциите и притисокот на САД врз Иран продолжуваат.

    „Лидерите на Иран не се револуционери и народот заслужува подобро. Мораме да му помогнеме на иранскиот народ да се избори за слобода“, кажа Помпео.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира