ТРАМП КАЖА ДЕКА ЌЕ ЗАСТУДИ И ДЕКА ПОЖАРИТЕ ВО САД НЕМААТ ВРСКА СО КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

    ТРАМП КАЖА ДЕКА ЌЕ ЗАСТУДИ И ДЕКА ПОЖАРИТЕ ВО САД НЕМААТ ВРСКА СО КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИПожарите на западниот брег на САД уништија цели градови во Орегон, а десетици луѓе и натаму се водат како исчезнати (Фото: Гети)

    Доналд Трамп ги отфрли грижите околу климатските промени при посетата на Калифорнија, која се бори со некои од најголемите пожари во својата историја и кажа дека ќе почне да станува постудено.

    Пожарите во сојузните држави Калифорнија, Орегон и Вашингтон се проширија на површина од два милиона хектари, убивајќи најмалку 36 луѓе, додека десетици и натаму се водат како исчезнати. Трамп смета дека лошото управување со шумите е виновно за пожарите и тоа постојано го повторуваше кога во близина на Сакраменто се сретна со официјални лица од Калифорнија. Тој притоа беше опоменат да не ја игнорира науката околу климатските промени.

    „Ќе почне да станува постудено, ќе видите. Мислам дека науката не знае доволно. Климатските промени не се фактор. Масовните пожари повеќе имаат врска со управувањето на шумите“, кажа Трамп.

    Тој додаде дека други држави досега не се бореле со вака големи пожари.

    „Тие немаат вакви проблеми. Тие имаат многу експлозивни дрвја, но немаат вакви проблеми“.

    Експертите велат дека забелешките на Трамп немаат никаква врска со реалноста, додека Џо Бајден го обвини дека ова е уште една криза за која тој не сака да преземе одговорност.

    „Јасно е дека не сме безбедни во Америка што ја води Доналд Трамп. Ако некој што ги негира климатските промени добие уште четири години во Белата куќа, нема да бидеме изненадени ако имаме уште повеќе пожари во Америка“, кажа Бајден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира