За претстојната прослава на 250-годишнината од постоењето на Соединетите Американски Држави (САД) „Големиот американски државен саем“, неодамна откажаа настап неколку музичари, делумно поради врските на настанот со претседателот Доналд Трамп. Сега, самиот Трамп е предвиден да биде главен лик на прославите, соопштија организаторите.
„Разбирам дека уметниците добиваат ‘трема’ во врска со нивниот настап“, објави Трамп на својата платформа Трут соушал, додавајќи дека размислува да го донесе „човекот за кого некои велат дека е најголемиот претседател во историјата, ДОНАЛД Џ. ТРАМП, да го заземе местото на овие високоплатени, третокласни ‘уметници’“.
Групата „Фридом 250“ (Слобода 250), што го организира јунскиот саем на Националниот плоштад во Вашингтон, го потврди ова во соопштение: „Возбудени сме што објавуваме дека претседателот Трамп лично ќе ја започне оваа историска прослава в среда, 24 јуни“. Даниел Алварез, портпаролка на „Фридом 250“, нагласи дека поширокиот саем што е закажан од 25 јуни до 10 јули вклучува низа изложби, атракции за семејства, музички изведби и друго.
Трамп ги ги критикуваше музичарите што го откажаа настапот, но рече дека решението е да се „откаже“ саемот.
„Треба да имаме гигантски МИТИНГ „НАПРАВИ ЈА АМЕРИКА ПОВТОРНО ВЕЛИКА“, за 250-годишнината, наместо да имаме прескапи пејачи, кои никој не сака да ги чуе, чија музика е здодевна, а сепак кои не прават ништо друго освен да се жалат“, рече Трамп на социјалните мрежи.
„Фридом 250“ е најавена како непартиска, но беше лансирана минатата година од Трамп и е предводена од поранешен службеник во Стејт департментот назначен во првиот мандат на Трамп. Неколку уметници, меѓу кои и Брет Мајклс, „Комодорес“ и Мартина Мекбрајд, се откажаа минатата недела. Мајклс и други уметници рекоа дека биле прелажани во врска со темата на настапите или пак на друг начин биле претпазливи за да не бидат фатени во политичка борба. Мекбрајд, во изјава на Инстаграм, рече дека „ѝ била дадена можност да настапи на непартиски настан, но тоа се покажало како лажно“.
Други уметници планираат да присуствуваат, меѓу кои и Фло Рида, Фаб Морван од „Мили Ванили“ и Ванила Ајс. Претставни на Ванила Ајс вториот претходно изјави дека раперот „Ајс Ајс Бејби“ е „горд што помага во прославата на 250-годишнината од Америка!“



