ТРАМП ЌЕ ОДРЖИ ПЕТ МИТИНЗИ, А БАЈДЕН ЌЕ НАСТАПИ СО ЛЕДИ ГАГА НА ПОСЛЕДНИОТ ДЕН ОД ПРЕДИЗБОРНАТА ТРКА ВО САД, 90 МИЛИОНИ ЛУЃЕ ВЕЌЕ ГЛАСАА

    ТРАМП ЌЕ ОДРЖИ ПЕТ МИТИНЗИ, А БАЈДЕН ЌЕ НАСТАПИ СО ЛЕДИ ГАГА НА ПОСЛЕДНИОТ ДЕН ОД ПРЕДИЗБОРНАТА ТРКА ВО САД, 90 МИЛИОНИ ЛУЃЕ ВЕЌЕ ГЛАСААТрамп и натаму на првото место во кампањата ја става економијата (Фото: АП)

    Доналд Трамп посети пет сојузни држави во еден ден, а Џо Бајден се обрати на митинг во Пенсилванија, додека предизборната трка во САД влегува во самиот финиш.

    Анкетите покажуваат дека кандидатот на Демократите има солидно водство на национално ниво, но предноста е потесна во клучните држави кои би можеле да го решат исходот на изборите. Повеќе од 90 милиони Американци веќе гласале, со што излезноста би можела да биде најголема во последните 100 години.

    Трамп во ист ден одржа митинзи во Мичиген, Ајова, Северна Каролина, Џорџија и Флорида и во сите овие држави анкетите сугерираат тесна борба. Зборувајќи во Вашингтон (Мичиген), Трамп им кажа на своите приврзаници дека американската економија расте со најбрза стапка во историјата, додека во Ајова вети дека ќе ги обезбеди границите и ќе донесе повеќе конзервативни судии во судовите.

    „Имате избор помеѓу смртоносното затворање што го најавува Бајден и безбедна вакцина која ќе стави крај на пандемијата“, рече Трамп.

    Овие негови коментари следуваат откако шефот на Националниот институт за алергии и заразни болести Ентони Фаучи предупреди во интервјуто за „Вашингтон пост“ дека САД ги очекува многу болка во наредните месеци. Белата куќа го обвини Фаучи дека сака да ѝ наштети на кампањата на Трамп. Тој кажа дека двајцата претседателски кандидати имаат различен пристап кон пандемијата и дека на Бајден му е поважно јавното здравје.

    Во финишот на кампањата, Бајден се фокусира на неговата родна сојузна држава Пенсилванија, каде што денеска во Питсбург ќе му се придружи и Леди Гага, додека Трамп и денеска планира да одржи пет митинзи.

    И двајцата кандидати ги опишуваат наредните четири години како апокалиптични доколку победи противникот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира