ТРАМП ЌЕ СЕ ПОЈАВИ ВО СУД ВО ВТОРНИК, БИ МОЖЕЛ ДА СЕ СООЧИ СО ПОВЕЌЕ ОД 30 ОБВИНЕНИЈА

    ТРАМП ЌЕ СЕ ПОЈАВИ ВО СУД ВО ВТОРНИК, БИ МОЖЕЛ ДА СЕ СООЧИ СО ПОВЕЌЕ ОД 30 ОБВИНЕНИЈАТрамп нема да носи лисици при доаѓањето во судот во Њујорк (Фото: АП)

    Доналд Трамп ќе биде сослушан во судот во Њујорк во вторник. Се очекува тој да долета со приватен авион од Флорида и потоа да им се предаде на федералните агенти.

    Голема порота во Њујорк вчера покрена обвинение против Трамп во врска со исплатата на 130.000 долари на порно актерката Сторми Даниелс во 2016, непосредно пред претседателските избори. Обвиненијата сè уште не се објавени јавно и адвокатот на Трамп кажа дека сè уште не му се познати.

    Се верува дека стотици агенти на тајната служба ќе учествуваат во обезбедувањето при доаѓањето на Трамп, кој е првиот актуелен или бивш американски претседател кој се соочил со кривична истрага. Трамп нема да носи лисици, а сослушувањето се очекува во вторник во 20:15 часот по македонско време.

    Претседателот нема да биде во лисици. Цели улици и самиот суд ќе бидат целосно блокирани“, изјави адвокатот на Трамп, Џо Такопина.

    Си-Би-Ес објави дека се разгледуваат сите можни сценарија, откако канцеларијата на јавниот обвинител примила бројни закани. Оттаму побараа Трамп да се предаде уште вчера, но тоа беше одбиено зашто било потребно повеќе време за да се зајакнат безбедносните мерки.

    Нејасно е со колку обвиненија ќе се соочи Трамп, но американските медиуми велат дека би можеле да бидат повеќе од 30, поврзани со деловна измама.

    Трамп негира дека во 2006 имал афера со Даниелс, која во 2016 се обиде да ја продаде својата приказна на медиумите. За да ја замолчи, Трамп наводно преку својот адвокат Мајкл Коен ѝ платил 130.000 долари, што не е незаконски, но Трамп е обвинет дека ги фалсификувал деловните извештаи, така што исплатата била прикажана како правни такси. Бидејќи тоа се случило пред изборите, Трамп исто така можеби ги прекршил законите за плаќања кои помагаат изборна кампања.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира