ТРАМП МУ ДАДЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО НА ЕРДОГАН ЗА ТУРСКА ОФАНЗИВА ПРОТИВ КУРДИТЕ ВО СИРИЈА

    ТРАМП МУ ДАДЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО НА ЕРДОГАН ЗА ТУРСКА ОФАНЗИВА ПРОТИВ КУРДИТЕ ВО СИРИЈАСАД со оваа одлука ги напуштаат курдските борци, иако тие беа нивни главни сојузници во борбите против Исламска држава (Фото: АП)

    САД нема да се мешаат во најавената офанзива на Турција против курдските сили во североисточна Сирија, објави Белата куќа, што претставува голем пресврт во политиката. Турција сака да ги избрка курдските милиции, што ги смета за терористи, подалеку од границата.

    „Турција ќе је преземе одговорноста за сите заробени припадници на Исламска држава од таа област“, се вели во изјавата на Белата куќа.

    Давајќи зелено светло за оваа офанзива, САД буквално ги напуштаат курдските борци, иако тие беа нивни главни сојузници во борбите против Исламска држава. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со месеци ја најавува офанзивата, сметајќи дека курдските борци се закана за неговата земја. И републиканците и демократите предупредија дека оваа одлука на Белата куќа може да доведе до масакр на Курдите и ќе испрати лоша порака до американските сојузници низ цел свет.

    Во јануари, Трамп се закани дека ќе ја уништи турската економија доколку Турција ги нападне Курдите по повлекувањето на САД од Сирија. Последната изјава на Белата куќа уследи по телефонскиот разговор помеѓу Трамп и Ердоган, кој вчера кажа дека офанзивата ќе се случи наскоро.

    Турција прими 3,6 милиони бегалци од Сирија за време на војната и сега планира да пресели два милиона од нив во пограничната зона откако ќе ги избрка Курдите. Таа ја смета курдската милиција за продолжение на Курдската работничка партија, која три децении се бореше за курдска автономија во Турција.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари