ТРАМП МУ ПОНУДИЛ ДА ШЈИ ДА Ѝ ПРОДАДЕ ОРУЖЈЕ НА КИНА, КАЖА АМБАСАДОРОТ НА САД ВО ПЕКИНГ

    ТРАМП МУ ПОНУДИЛ ДА ШЈИ ДА Ѝ ПРОДАДЕ ОРУЖЈЕ НА КИНА, КАЖА АМБАСАДОРОТ НА САД ВО ПЕКИНГШји минатата недела беше во тридневна посета на Вашингтон (Фото: АП)

    Американскиот амбасадор во Пекинг, Дејвид Пердју, изјави дека Доналд Трамп понудил да ѝ продаде оружје на Кина кога минатата недела беше домаќин на нејзиниот лидер Шји Џинпинг.

    „Претседателот Трамп постојано вели дека ние продаваме оружје на други земји низ светот. Тој всушност го праша претседателот Шји дали би сакал да купи дел од него во одреден момент“, кажа Пердју.

    Оваа необична изјава беше дадена за време на интервју со „Фокс њуз“ посветено на американската политика кон Тајван, кој со месеци чека Трамп да одобри продажба на оружје во вредност од 14 милијарди долари. Трамп во мај ја одложи продажбата, што ја опиша како „многу добар преговарачки адут“ во односите со Кина.

    По интервјуто на Пердју, Белата куќа за „Њујорк тајмс“ изјави дека САД немаат планови да ѝ продаваат оружје на Кина, додека Стејт департментот наведе:

    „Американскиот закон забранува продажба на оружје на Кина и не постои понуда или план за продажба на оружје на Кина“.

    САД се обврзани со закон да му обезбедат на Тајван средства за одбрана. Иако не го признаваат Тајван како држава, САД се најсилниот неофицијален поддржувач и снабдувач со оружје на островот. За време на нивните приватни разговори во Белата куќа минатата недела, Шји побарал од Трамп да се спротивстави на независноста на Тајван, објавија кинеските државни медиуми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира