ТРАМП НАЈАВИ РЕЦЕСИЈА ВО САД, КАНАДА И РУСИЈА СЕ ЗАТВОРААТ ЗА СТРАНЦИ

    ТРАМП НАЈАВИ РЕЦЕСИЈА ВО САД, КАНАДА И РУСИЈА СЕ ЗАТВОРААТ ЗА СТРАНЦИТрамп засега нема намера да прогласи национален каранти (Фото: АП)

    Доналд Трамп вечерва предупреди дека САД би можеле да влезат во рецесија поради ширењето на коронавирусот.

    „Ова е како да се бориме против невидлив непријател. Мојот фокус е на тоа да го решам проблемот, а тоа е вирусот. Потоа сѐ ќе си дојде на свое место“, кажа Трамп.

    Тој најави дека кризата со КОВИД-19 во САД би можела да трае и цело лето.

    „Очекуваме да трае до јули, можеби август, ако не и подолго“, рече Трамп, додавајќи дека одложување на изборите е непотребно.

    Тој им препорача на луѓето да избегнуваат ресторани, барови и јавни простори, како и непотребни патувања, но засега нема намера да прогласи национален карантин.

    Во исто време и Русија објави дека на странците ќе им биде забранет влез во земјата до 1 мај, а и Канада ги затвори своите граници за странски државјани.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира