ТРАМП НЕГИРА ДЕКА ТАЈНО СОРАБОТУВАЛ СО РУСИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:28:"Вашингтон,(НПР)

    ТРАМП НЕГИРА ДЕКА ТАЈНО СОРАБОТУВАЛ СО РУСИЈА

    Високи функционери од американското разузнавање ги брифирале лидерите во Вашингтон за експлозивен, но непотврден, документ за наводна тајна соработка меѓу Русија и избраниот претседател Доналд Трамп, јави Националното јавно радио.

    Документот, кој НПР го има видено, но не може да ја потврди веродостојноста, бил даден на претседателот на Комитетот за вооружените сили во Сенатот Џон Мекејн од директорот на ФБИ Џејмс Коми на 9 декември. Детали од документот им биле презентирани на Трамп, претседателот Обама и други клучни лидери во Конгресот.

    Ноќеска, Трамп и неговиот адвокат одделно го нарекоа документот невистинит. Без директно да го спомне документот, Трамп твитна: „ЛАЖНИ ВЕСТИ – ТОТАЛЕН ПОЛИТИЧКИ ЛОВ НА ВЕШТЕРКИ!“.

    Трамп за денеска закажа прес-конференција, негова прва од јули кога кажа дека Русија треба да хакира материјали поврзани со неговиот противкандидат од Демократската партија, Хилари Клинтон.

    НПР не открива детали од содржината на документот, бидејќи е непотврден, но во него се опишани организираните напори на рускиот претседател Владимир Путин да изгради врска со Трамп и неговиот тим. Документот, во кој се опишани информации обезбедени од руската влада и други извори, споменува однесување на Трамп поради кое би бил подложен на уцени, како и наводни тајни средби на луѓе на Трамп со руски функционери на кои се разговарало за кампањата против Хилари Клинтон и за потенцијални бизнис партнерства.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира