ТРАМП НЕМА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИМУНИТЕТ И МОЖЕ ДА МУ СЕ СУДИ, ОБЈАВИ СУДОТ ВО ВАШИНГТОН

    ТРАМП НЕМА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИМУНИТЕТ И МОЖЕ ДА МУ СЕ СУДИ, ОБЈАВИ СУДОТ ВО ВАШИНГТОНТрамп е обвинет за заговор за поништување на изборната победа на Џо Бајден во 2020 (Фото: Шатерсток)

    Доналд Трамп нема претседателски имунитет и може да му се суди за обвиненијата поврзани со обидот за поништување на изборите во 2020, пресуди суд во Вашингтон. Трамп тврдеше дека има имунитет за кривичните пријави за дела за кои кажа дека спаѓаат во неговите должности како претседател.

    Меѓутоа, едногласната пресуда во Вашингтон го отфрли ова тврдење.

    Не можеме да го прифатиме тврдењето на поранешниот претседател Трамп дека претседателот има неограничени овластувања да врши кривични дела што би ја неутрализирале најфундаменталната проверка на извршната власт – признавањето и спроведувањето на изборните резултати. Во овој кривичен случај, поранешниот претседател Трамп стана граѓанинот Трамп“, соопшти судот.

    Специјалниот советник Џек Смит го обвини Трамп за заговор за поништување на победата на Џо Бајден на изборите во 2020 и за вршење измама за да остане на функцијата.

    Судењето требаше да почне на 4 март, но беше одложено поради прашањето на имунитетот на Трамп. Ако жалбата на Трамп отиде до Врховниот суд, судењето би можело да почне дури за неколку месеци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира