ТРАМП ОБЈАВИ ДЕКА ЌЕ ЈА ЗАБРАНИ ПОПУЛАРНАТА АПЛИКАЦИЈА ТИКТОК ВО САД

    ТРАМП ОБЈАВИ ДЕКА ЌЕ ЈА ЗАБРАНИ ПОПУЛАРНАТА АПЛИКАЦИЈА ТИКТОК ВО САДАдминистрацијата на Трамп тврди дека ТикТок е контролирана од кинеската влада (Фото: ЕПА)

    Доналд Трамп објави дека ќе ја забрани кинеската видеоапликација ТикТок во САД и најави дека уште денеска може да потпише извршна наредба за тоа.

    Официјални лица од безбедносните служби изразија загриженост дека преку апликацијата, која е во сопственост на кинеската фирма „Бајтденс“, би можеле да се собираат личните податоци на Американците. ТикТок ги негираше обвинувањата дека е контролирана од кинеската влада или дека ги споделува податоците со неа.

    ТикТок е најбрзорастечката апликација и само во САД има 80 милиони корисници месечно.

    „Што се однесува до ТикТок, ја забрануваме во САД“, кажа Трамп.

    Останува нејасно дали Трамп има овластување да ја забрани ТикТок и како таа забрана би била спроведена.

    Популарноста на ТикТок експлодираше во изминатите години, главно меѓу луѓе помлади од 20 години. Преку апликацијата споделуваат видеоснимки од 15 секунди, кои им се достапни на сите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира