ТРАМП ОЧЕКУВА БРЗ КРАЈ НА ВОЈНАТА, ИРАН ВЕЛИ ДЕКА АМЕРИКАНСКИОТ МИРОВЕН ПРЕДЛОГ Е САМО ЛИСТА НА ЖЕЛБИ

    ТРАМП ОЧЕКУВА БРЗ КРАЈ НА ВОЈНАТА, ИРАН ВЕЛИ ДЕКА АМЕРИКАНСКИОТ МИРОВЕН ПРЕДЛОГ Е САМО ЛИСТА НА ЖЕЛБИТрамп вчера ја прекина дводневната поморска мисија за повторно отворање на Ормускиот Теснец (Фото: АП)

    Доналд Трамп предвиде брз крај на војната, додека Иран разгледува американски мировен предлог, за кој извори кажаа дека формално ќе го заврши конфликтот, без да се решат клучните барања на САД, како суспендирање на иранската нуклеарна програма и повторно отворање на Ормускиот Теснец.

    Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи кажа дека Техеран ќе го соопшти својот одговор, додека влијателниот ирански пратеник Ебрахим Резаи го опиша предлогот како „повеќе американска листа на желби отколку реалност“.

    Тие сакаат да постигнат договор. Имавме многу добри разговори во последните 24 часа и многу е можно да постигнеме договор. Ова ќе заврши брзо“, кажа Трамп, кој вчера повторно му се закани на Иран со бомбардирања ако наскоро не се склучи договор.

    Пакистански извори рекоа за „Ројтерс“ дека двете страни се блиску до постигнување договор за меморандум од една страница што формално би го завршил конфликтот. Потоа би започнале разговори за деблокирање на Теснецот, укинување на американските санкции за Иран и поставување ограничувања на нуклеарната програма на Иран.

    Спикерот на иранскиот парламент Мохамад Багер Калибаф изјави дека ваквите извештаи се американско извртување по неуспешното отворање на Ормускиот Теснец. Трамп вчера ја прекина дводневната поморска мисија за повторно отворање на Ормускиот Теснец со помош на американската војска, што го загрози кревкото примирје.

    Сајтот „Аксиос“ објави дека Белата куќа верува дека е блиску до меморандум за завршување на војната со Иран и дека очекува одговор од Техеран на неколку клучни точки во следните 48 часа. Во сегашната форма, меморандумот би прогласил крај на војната во регионот и почеток на 30-дневен период на преговори за детален договор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира