ТРАМП ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ, ПОЛИЦИЈАТА ПОДГОТВЕНА ДА ПУКА АКО НЕКОЈ УПАДНЕ ВО ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМ

    ТРАМП ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ, ПОЛИЦИЈАТА ПОДГОТВЕНА ДА ПУКА АКО НЕКОЈ УПАДНЕ ВО ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМПолицајци со извлечени пиштоли стојат пред вратата на Претставничкиот дом (Фото: Гети)

    Конгресмените ја прекинаа седницата на која Џо Бајден требаше да биде потврден за нов претседател на САД откако приврзаниците на Доналд Трамп успеаја да ги пробијат полициските барикади и да упаднат во Капитол.

    Тие со голема брзина беа евакуирани од салата каде што се одржуваше седницата, додека демонстрантите можеа да се слушнат како удираат во вратата од Претставничкиот дом. Снимките однатре покажуваат полицајци со извлечени пиштоли, подготвени да пукаат ако некој успее да влезе во празната сала.

    Доналд Трамп ги повика демонстрантите да останат смирени.

    „Поддржете ја нашата конгресна полиција и силите на редот, тие се на страната на нашата земја. Останете смирени!“, напиша Трамп на Твитер.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира