ТРАМП ПРИЗНА ДЕКА МУ ГИ ВРАТИЛ ПАРИТЕ НА СВОЈОТ АДВОКАТ, НО НЕМАЛ СЕКС СО ПОРНОАКТЕРКАТА СТОРМИ ДАНИЕЛС

    ТРАМП ПРИЗНА ДЕКА МУ ГИ ВРАТИЛ ПАРИТЕ НА СВОЈОТ АДВОКАТ, НО НЕМАЛ СЕКС СО ПОРНОАКТЕРКАТА СТОРМИ ДАНИЕЛСТрамп сега тврди дека Сторми Даниелс добила 130.000 долари за да не шири лажни и изнудувачки обвинувања дека имал афера со неа (Фото: Ројтерс)

    Доналд Трамп ја смени приказната и призна дека му ги вратил парите на својот адвокат Мајкл Коен, што тој ѝ ги исплатил на порноактерката Сторми Даниелс за да молчи за наводна секс-афера со него.

    Ова е спротивно на неговите досегашни тврдења дека не знаел ништо за исплатата на 130.000 долари што Даниелс ги добила во пресрет на изборите во 2016 година, но останува на изјавата дека немал ништо со неа.

    Претседателот на САД на овој начин ги потврди зборовите на својот нов правен советник Руди Џулијани дека на Коен му биле вратени парите.

    Според Трамп, во оваа исплата нема ништо нелегално, бидејќи не биле користени парите од неговата кампања.

    „На господинот Коен му беа вратени парите, но тоа не беа пари од кампањата. Ова нема никаква врска со кампањата, тоа беше приватен договор помеѓу две страни, познат како премолчен договор. Такви договори се нормални помеѓу јавни личности и богати луѓе. Договорот имаше за цел да спречи лажни и изнудувачки обвинувања дека сум имал афера со Даниелс, и покрај тоа што веќе имавме потпишано писмо во коешто се признава дека немало афера. Пред таа и нејзиниот адвокат да ја прекршат, тоа беше приватна спогодба. Пари од кампањата не беа употребени во оваа трансакција“, кажа Трамп во серија твитови.

    Даниелс претходно призна дека имала афера со Трамп во 2006 година, при што само еднаш имале секс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира