ТРАМП РАЗМИСЛУВА ДА ГО ПОМИЛУВА СВИРКАЧОТ ЕДВАРД СНОУДЕН

    ТРАМП РАЗМИСЛУВА ДА ГО ПОМИЛУВА СВИРКАЧОТ ЕДВАРД СНОУДЕНСноуден моментално живее во Москва откако Русија му даде азил (Фото: Ројтерс)

    Доналд Трамп изјави дека размислува да го помилува свиркачот Едвард Сноуден, чии спектакуларни откритија ја потресоа американската разузнавачка заедница во 2013 година.

    Сноуден прво избега во Хонгконг откако објави доверливи информации на Националната безбедносна агенција, а потоа дојде во Русија со цел да избегне екстрадиција во САД. Таму доби азил и моментално живее во Москва.

    Во интервјуто за „Њујорк пост“, Трамп кажа дека „многумина мислат дека Сноуден не бил третиран фер“.

    „Не знам многу за случајот. Има силни аргументи и за и против негово помилување, но детаљно ќе го разгледам случајот. Знам дека американската јавност е поделена по прашањето на Сноуден“, изјави Трамп, кој своевремено го нарече Сноуден „предавник и шпион кој би требало да биде погубен“.

    Откритијата на Сноуден предизвикаа голем домашен и меѓународен скандал, што за едни го направи херој, а за други предавник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира