ТРАМП САКА ДА СЕ ЗАКАНУВА СО САНКЦИИ, ТОА НЕ Е НОВО, НО НИЕ СМЕ СПРЕМНИ ЗА ДИЈАЛОГ, КАЖА КРЕМЉ

    ТРАМП САКА ДА СЕ ЗАКАНУВА СО САНКЦИИ, ТОА НЕ Е НОВО, НО НИЕ СМЕ СПРЕМНИ ЗА ДИЈАЛОГ, КАЖА КРЕМЉБрзо запирање на војната во Украина беше едно од најисчекуваните предизборни ветувања на Трамп (Фото: АП)

    Русија е спремна за еднаков дијалог, дијалог со заемно почитување, кажа Кремљ, откако Доналд Трамп вчера ѝ се закани на Москва со царини, даноци и санкции ако не ја заврши војната во Украина.

    Чекаме сигнали кои се уште не се дојдени“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

    Тој додаде дека Русија не гледа ништо ново во заканите на Трамп.

    Тој сака такви методи, барем ги сакаше во својот прв претседателски мандат“, рече Песков.

    Брзо запирање на војната во Украина беше едно од најисчекуваните предизборни ветувања на Трамп, за потоа да каже дека за мировен договор ќе треба време.

    Тоа не е само прашање за завршување на војната. Прво и најважно е решавање на основните причини за украинската криза. Значи, мораме да видиме што значи договор за претседателот Трамп. Тој не е одговорен за она што САД го прават во Украина од 2014, правејќи ја антируска, но тој сега има моќ да ја запре оваа злонамерна политика“, изјави заменик-амбасадорот на Русија во Обединетите нации, Дмитри Пољански.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира