Доналд Трамп го размрда единството на НАТО на Лидерскиот самит во Лондон откако канадскиот премиер Џастин Трудо го нарече „дволичен“, а францускиот претседател Емануел Макрон „гаден“, при што одржа ексклузивен собир само на оние членки на алијансата кои најмногу издвојуваат за одбрана.
Американскиот претседател реагираше откако се појави снимка на која Трудо, Макрон и британскиот премиер Џонсон ја коментираат неговата прес-конференција. Тој притоа ја откажа прес-конференција што требаше да ја одржи по завршувањето на Самитот.
„Си одиме директно назад. Мислам дека имаше доволно прес-конференции“, кажа Трамп.
Во краткото видео што го објави канадската телевизија Си-Би-Си, Трудо разговара со неколкумина учесници на Самитот и притоа, несвесни дека ги снимаат, наводно го исмеваат Трамп.
Запрашан од новинарите што мисли за снимката, Трамп одговори:
„Трудо е дволичен, а мислев дека е фино момче“, кажа тој.
Трудо подоцна појасни дека не го исмевале Трамп, туку се смееле што идниот самит на Г7 ќе се одржи во неговата приватна резиденција во Кемп Дејвид.
Трамп ја откажа својата завршна прес-конференција која требаше да се одржи во исто време кога е закажано сослушување во Конгресот за неговото отповикување, иако тој предвиде дека „тоа никој нема да го гледа бидејќи е здодевно“.