ТРАМП СЕ СОГЛАСИ ДА ЈА ОТВОРИ ВЛАДАТА ПО ЕДНОМЕСЕЧНА БЛОКАДА

    ТРАМП СЕ СОГЛАСИ ДА ЈА ОТВОРИ ВЛАДАТА ПО ЕДНОМЕСЕЧНА БЛОКАДАТрамп не се откажува од изградбата на ѕидот кон границата со Мексико и се закани дека ако нема „фер договор“ за финансирање на тоа ќе ја затвори владата и по вторпат (Фото: АП)

    Претседателот на САД Доналд Трамп го прифати бипартискиот договор што ќе го прекине 35-дневното затворање на федералната влада, со што ќе се овозможи финансирање кое ќе ги отвори затворените државни агенции. Предлогот кој е поддржан од претседавачите на Конгресот ќе овомoзожи финансирање на владата до 15 февруари, и засега не вклучува пари за изградба на ѕидот вдлож границата со Мексико на што инсистираше Трамп.

    Ќе им бидат исплатени и платите на околу 800.000 вработени во федералната државна администрација, кои месец и пол работеа без надомест. Но Трамп не се откажува од изградбата на ѕидот и се закани дека ако нема „фер договор“ за финансирање на тоа ќе ја затвори владата и по вторпат.

    Продолженото затворање на државните институции ја загрози националната безбедност и инфраструктурата, со значајни задоцнувања во авиосообраќајот на главните аеродроми. ФБИ исто така предупреди дека неговите агенти работат без плата и дека критичните мерки за сузбивање на криминалот се видно намалени.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари