Доналд Трамп потврди дека ќе се сретне со Володимир Зеленски денеска во Њујорк. Средбата ќе се одржи и покрај претходните извештаи дека е откажана и незадоволството кај високите републиканци, кои ја оценија посетата на Зеленски на Пенсилванија како поддршка за Демократите.
Зеленски вчера се сретна и со Џо Бајден и Камала Харис во Белата куќа, при што го претстави својот план за победа, за кој се надева дека ќе ја натера Русија да се согласи на дипломатски крај на војната.
„Претседателот Зеленски побара да се сретне со мене и ќе се сретнеме. И штета е тоа што се случува во Украина. Толку многу умирања и уништувања, тоа е ужасно“, кажа Трамп на прес-конференција.
Тој верува дека многу брзо ќе може да постигне договор помеѓу Путин и Зеленски, без да изнесе детали.
На вчерашната средба со Зеленски, Харис кажа дека „некои во нашата земја би ја натерале Украина да се откаже од големи делови од својата суверена територија“.
„Таквите предлози се исти како оние на Путин“, додаде таа.
Трамп и Зеленски имаат сложена историја. Во 2019, Трамп беше отповикан во Претставничкиот дом поради обвинувањата дека го притискал Зеленски да му обезбеди штетни информации за Џо Бајден и неговиот син Хантер.